Топ Вести

Младинците на Металург 2 повторно се шампиони на Македонија

10.05.2018 22:11
_DSC0266_resize

Младинците на Металург 2 му ја донесоа на семејството Металург третата шампионска титула во тековната сезона. Во крајно драматичен натпревар нашите ракометари го совладаа тимот на Вардар, со резултат 23:21 (10:13).

Иако пред почетокот на фајналфор-турнирот важеа за големи фаворити, поради квалитетот, но и поради големото искуство стекнато на натпреварите од Суперлигата, младинците на Металург 2 до титулата дојдоа по тешка и крајно неизвесна борба, во натпревар во кој во најголем дел беа во резултатска негатива и во кој беа принудени постојано да го бркаат резултатот на Вардар.

Особено тешко го одигравме првото полувреме, во кое никако не успевавме да фатиме ритам и да му ја наметнеме на противникот нашата игра. Овој дел од средбата го загубивме со три гола разлика.

Но, многу нешта се изменија во второто полувреме. Иако Вардар и натаму имаше резултатска позитива, веќе се чувствуваше дека Металург полека се стабилизира и дека конечно почна да игра според очекувањата. Сепак, мораа да минат 25 минути од вториот дел за да Металург конечно го презеде водството и победнички да го заврши овој исклучително напнат, но и интересен натпревар.

Честитки за младинците на Металург 2, но и за ракометарите на Вардар.

Во борбата за третото место, КЛ-7 Струга ја совлада екипата на Борец, со резултат 21:19 (10:10).

.

РК Металург 2 – РК Вардар  23:21 (10:13)

РК Металург 2:  Василевски, Петковски, Тодоров, Смилевски 3, Гајиќ 1, Костески 3, Младеновиќ 3, Кофиловски 1, Л.Додиќ, Божиновски, Кондев, Лембанов, Ристовски, С.Додиќ 10, Трајковски и Митиќ 2.   Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 16 минути.   Црвен картон: Алексо Лембанов во 59 минута.

РК Вардар: Мишоски, Анѓелковиќ, Миланов, Ќосевски 6, Митевски, Крстевски, Петкоски, Олтовски, Бикоски 1, Тушев, Мисаилевски, Радуловиќ, Милошевски 3, Ѓоргиев 3, Наков 7 и Мицановски 1.   Седмерци: 1/5.   Исклучувања: 16 минути.   Црвен картон: Чивлачки Слободан и Ѓоргиев Игор во 59 минута.

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 238 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 1 =