Младинците на Металург 2 продолжуваат по патот на победите

09.02.2019 10:16
DSC0203_resize

Деветтото коло на младинското првенство на Македонија, група 2, донесе нова победа за младинците на Металург 2. Момците на Раде Стојановиќ овој пат и гостуваа на екипата на Тинекс Пролет, која ја совладаа со убедливи 31:19 (15:7).

Резултатски, оваа средба беше интересна само на својот почеток. Поведе домаќинот со 1:0, па возврати Металург со 1:4. Следните неколку минути повторно беа во знакот на Тинекс Пролет, кој успеа да израмни на 5:5, а потоа дојде потоп – серија на Металург 2 од дури 8:0, за 5:13. Веќе тука стана јасно дека бодовите ќе заминат во Автокоманда и дека Металург 2 ќе ја извојува својата осма сезонска победа. Првото полувреме заврши со резултат 7:15.

Задоволни од постигнатото, вториот дел го одигравме многу порелаксирано. Му дозволивме на противникот да постигне повеќе голови, но и ова полувреме го добивме со четири голови разлика, 12:16.

Металург 2 и по деветтото коло е на водечката позиција во својата група, со 25 бода и со подобра гол-разлика од својот најблизок конкурент – КЛ-7.

.

РК Тинекс Пролет – РК Металург 2  19:31 (7:15)

РК Тинекс Пролет: Давидовски, Јовановски 2, Дангев, Н.Стојановски 2, Даев, Манев 3, Љубевски 2, Блажевски, Б.Стојановски 2, Дука 3, Николовски, Киселовски 3, Матовски, Налетовски 1, Кристов и Тахири 1.    Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 10 минути.

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 5, Кондев 9, Меловски, Кофилоски 2, Митиќ, Лембанов 1, Ристовски 3, Василевски, Л.Додиќ 1, Гогов 1, Младеновиќ 2, Тодевски 3, С.Додиќ 1, Гајиќ 3 и Мијатовиќ.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје

Прочитано 429 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 8