Младинците на Металург 2 се изборија за финале на младинскиот фајнал-фор

30.03.2019 22:26
_DSC0037_resize

Младинците на Металург 2 во полуфиналето ја совладаа екипата на Струга и обезбедија финале на младинскиот фајнал-фор, кој оваа година се игра во салата “Билјанини Извори“ во Охрид. Со тоа нашите ракометари ќе имаат можност да го бранат шампионскиот пехар, кој веќе две години е во наш посед.

Денешната средба со екипата на Струга мина во жестока битка за секој гол, но победата заслужено им припадна на момците на Раде Стојановиќ. Всушност, Металург 2 водеше во текот на сите 60 минути, а нашиот противник само во неколку наврати успеа да стигне до израмнување на резултатот.

Металург 2 одлично го започна натпреварот и по само неколку минути веќе имаше позитива од четири гола, 5:1 и 6:2. Струга не се предаде и во наредниот период вложи многу напор за да ја намали негативата. Во вториот дел од првото полувреме не зафати криза која траеше 5, 6 минути, а во кои противникот за прв пат успеа да не стигне, при 9:9. Првото полувреме заврши со минимална предност на Металург 2, 11:10.

Многу неизвесни беа првите 15 минути од вториот дел, бидејќи се играше буквално гол за гол. Металург поведуваше, а Струга веднаш успеваше да го израмни резултатот. Така беше до 45. минута, а потоа се конечно си дојде на своето место. Металург 2 заигра онака како што најдобро знае, а нашите убиствени контри внесоа паника во редовите на нашиот противник. Сето тоа даде резултат и Металург 2 дојде до својата највисока разлика од пет гола, со која и заврши оваа интересна средба.

Се на се, заслужена победа на поквалитетниот и физички подобро подготвениот тим од Автокоманда, кој веќе утре ќе ги вкрсти копјата со домаќинот на турнирот, екипата на Охрид, која во второто полуфинале го надигра тимот на КЛ-7. Тоа ќе биде вистинско финале, бидејќи ќе се сретнат победниците на групите од групната фаза на младинското првенство на Македонија.

За разлика од денеска, кога буквално од автобус заминавме да играме полуфинале, за утрешната средба имаме доволно време за одмор и за ревитализација на силите.

.

РК Металург 2 – РК Струга  31:26 (11:10)

РК Металург: Божиновски, Василевски, Мијатовиќ, Михајлов 7, Кондев 4, Попов, Кофилоски 2, Гошевски, Митиќ 5, Ристовски, Серафимов 5, Л.Додиќ, Гогов, Младеновиќ 4, С.Додиќ 1 и Гајиќ 3.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 4 минути.

РК Струга: Матовски, Кузманоски 6, Крстаноски 6, Кицески 1, Скепароски, Ферукоски, Дукоски, Тутеноски, Маркоски, Костески 5, Бајрамоски 6, Мемед, Барлакоски 2, Трајкоски и Гронки.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелоски од Прилеп.

Делегат: Игор Огненов од Битола.

Прочитано 480 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 1 =