Младинците на Металург 2 тргнаа со победа

13.10.2019 16:33
DAR_5265_resize

Во второто коло од младинското првенство на македонија, група 1, младинците на Металург 2 славеа на гостувањето кај екипата на Пролет 62.  Својот денешен противник го совладавме со резултат 38:30 (21:14).

Младинците на Металург 2 од самиот почеток ја најавија победата, откако лесно дојдоа до опиплива предност, 1:5. Кон средината на првиот дел домашниот состав се закани и намали на само гол разлика, 10:11, но на тоа Металург 2 врати со цела серија голови, па првото полувреме заврши со наша предност од 7 гола, 14:21.

Во вториот дел разликата се колебаше од 6 до максималните 10 голови, а средбата заврши со резултат 30:38.

Младинците на Металург 2 веќе во вторник ќе ја одиграат одложената средба од првото коло против Пелистер, а следниот викенд, во рамките на третото коло, во Автокоманда ќе го видиме и тимот на Вардар Јуниор.

.

РК Пролет 62 – РК Металург 2  30:38 (14:21)

РК Пролет 62: Вељановски, Стојановски 6, Матовски 3, Стефановски 1, Ангеловски 1, Љубевски 6, Блажевски 2, Тевдовски, Крстески 1, Јанакиевски 1, Додевски 3, Игнов 2, Мојсовски 2, Петковски, Христов и Јорданов 2.   Седмерци: 0/3.  Исклучувања: 6 мин.

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Михајлов 3, Фидановски, Мелоски, Кофилоски 4, Савковиќ 6, Митиќ 3, Мирчевски 1, Попов 3, Ристовски 3, Георгиевски 1, Гајиќ 7, Додиќ 6 и Ефтимов 1.   Седмерци: 4/5.  Исклучувања: 10 мин.

Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје..

Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

Прочитано 270 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =