Младинците на Металург 2 убедливи против Пролет

19.10.2018 13:11
_DSC0018_resize

Во второто коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург 2 ја извојуваа својата втора победа. Овој пат во Автокоманда настрада екипата на Пролет, која ја поразивме со убедливи 33:22 (13:8).

Средбата мина во доминација на нашиот младински тим, кој во текот на целиот натпревар имаше јасна предност и победнички ритам. Брзо поведовме со 4:1, потоа со 6:2 и максималните 10:5. Со ова разлика од пет гола заврши и првото полувреме, 13:8.

Многу слично се играше и во вториот дел од оваа средба, кој го добивме со шест гола предност, 20:14, за конечни 33:22.

По две одиграни кола имаме максимални шест бода, а во наредното коло и гостуваме на екипата на РШ КЛ-7.

.

РК Металург 2 – РК Пролет  33:22 (13:8)

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 4, Кондев 2, Меловски 2, Кофиловски 2, Гошевски 3, Митиќ 1, Ристовски 6, Василевски, Л.Додиќ 2, Младеновиќ 2, Прентовски 4, Тодевски 2, С.Додиќ 2, Гајиќ 1 и Мијатовиќ.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 10 минути.

РК Пролет: Давитковски, Газнеб, Јовановски1, Дангев 1, Стојановски 1, Даев 5, Манев 2, Тахири, Љубевски 1, Стојановски 3, Блажевски 1, Тевдовски, Дука 1, Матовски 2, Нелетовски 4 и Мојсовски.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 8 минути.   Црвен картон Манев.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 217 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 9 =