Младинците на Металург 2 веќе немаат конкуренција во својата група

17.02.2019 15:39
DSC_0015_resize

Во Автокоманда денеска се одигра големото младинско дерби во групата 2 од младинското првенство на Македонија. Сметките ги расчистуваа Металург 2 и КЛ-7 Струга, две екипи кои досега не ја почувствуваа горчината на поразот и кои ја делеа првата позиција со еднаков број на бодови.

Пред средбата, нашиот тренер Раде Стојановиќ беше оптимист и најави сигурна победа. Очигледно, Стојановиќ имаше добра подлога за таквата изјава, бидејќи младинците на Металург 2 остварија убедлива победа, која во ниту еден момент не беше оспорена од нашиот противник.

Од самиот почеток, и во сите 60 минути од овој натпревар, предност имаа нашите ракометари, кои релативно рано стекнаа позитива од три гола, 5:2, а потоа ги контролираа и играта и резултатот. Ако зборуваме за отпорот на нашиот противник, го имаше само во одредени моменти од првото полувреме, додека неговата игра сосема се распадна во вториот дел. Металург 2 победи со преубедливи десет голови разлика, а се доби впечаток дека победата можеше да биде и поубедлива, ако во одредени моменти нашите ракометари не се обидуваа ефективно да ги завршуваат своите акции.

Се на се, победи квалитетот, а тој денеска очигледно беше во нашите редови.

По овој натпревар стана се јасно во нашата група. Металург 2 е осамен на челото на табелата и таму ќе остане се до крајот на групната фаза.

.

РК Металург  2 –  РК КЛ-7 Струга  33:23 (16:11)

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Михајлов 1, Кондев 4, Кофилоски 3, Митиќ 1, Лембанов, Ристовски 5, Серафимов 6, Л.Додиќ 1, Гогов, Младеновиќ 1, Тодевски 2, С.Додиќ 4 и Гајиќ 5.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 12 минути.

РК КЛ-7 Струга: Петрески, Дуноски, Џигероски 4, Попоски 1, Јовчев, Гучески 4, Христоски, Пајкоски 3, Галевски, Симоноски 8, Матоски, Мишевски, Ѓорговски 1, Стојков 1, Стрезоски 1 и Бочески.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 427 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 10