Топ Вести

MЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО ДЕКЛАСИРАА РАДОВИШ

29.04.2015 18:37
_DSC0018_resize

za tekst

Натпреварот во младинска конкуренција, кој нашите младинци го добија со 26 гола разлика, повеќе наликуваше на полесен тренинг отколку на првенствен натпревар. Дебаклот на гостинскиот тим се насети уште на самиот почеток, кога поведовме со неверојатни 16:0. Се натаму беше чиста рутина. До крајот на првото полувреме Радовиш сепак дојде до пет гола, за 27:5.

Вториот дел резултатски помина во порамноправна борба, а го добивме со 22:18.

Најдобар во двата тима беше нашиот Дарко Стојковски, кој постигна 13 гола.

Металург – Радовиш  49:23 (27:5)

Металург: Блажевски, Петковски, Обреновиќ, Додевски, Шулевски 1, Стојковски 13, Здравловски 4, Димитриоски 7, Илиевски 3, Стојменов 1, Шилегов 5, Лембанов, Танкоски 5, Смилевски 3, Митревски 2 и Лазаревски 5.     Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 4 минути.

Радовиш: А.Тушев, С.Јованов 6, П.Коцев 4, Србаков, С.Тушев 1, Атанасов, Постолов 3, Филев, Глигоров 1, Ристов 3, С.Коцев, Ј.Јованов и Спасов 5.      Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Бојан Дичоски и Ѓорѓи Василевски од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 616 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3