МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО НАДИГРАА БОРЕЦ

08.11.2014 23:01
_DSC0196_resize

za tekst

Во првенствен натпревар, младинците на Металург го надиграа тимот на Борец, кој го совладаа со резултат 27:19 (10:7).

Нашите младинци доминираа во текот на целата средба, а едно израмнување на резултатот, при 5:5, е единственото што успеа да го направи тимот од Велес. Од втората половина на првото полувреме Металург почна да создава опиплива разлика, која до крајот на полувремето достигна три гола, 10:7.

Во вториот дел продолживме со опсада на противничкиот гол, а разликата се искачи на максималните + 9, 27:18. Конечниот резултат на средбата е 27:19.

Димитриоски Димитар, со 10 постигнати гола, беше најдобар поединец на средбата.

Металург – Борец  27:19 (10:7)

Металург: Алушовски, Обреновиќ, Доневски 2, Реџиќ 2, Петрески, Шулевски, Здравковски, Димитриоски 10, Стојменов 4, Шилегов 4, Лембанов 1, Танкоски 3, Смилевски 1, Лазаревски и Беќаровски.       Седмерци: 0.       Исклучувања: 8 минути.

Борец: Јаневски 5, Саздовски 1, Џуклев 2, Јованов 4, Тодоровски, Коцев, С.Ѓорѓиев 3, Стојчев, Смилев, Мирчевски 1, Чичевалиев 3, Зафиров и Т.Ѓорѓиев.       Седмерци: 2/2.       Исклучувања: 2 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 1.287 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 4