МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО НАДИГРАА И ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЕЦ

24.10.2014 11:55
_DSC0242_resize

za tekst

Во редовното коло од младинската лига на Македонија, Металург го надигра тимот на Текстилец, кој го совлада со резултат 32:22 (18:10).

Нашите младинци водеа во текот на сите 60 минути и уште на самиот почеток создадоа предност која противникот не можеше да ја анулира.По 12 минути водевме со 7:3. а по 22 минути и со 12:7.  Полувремето го завршивме со две серии од по 3:0, за 18:10.

Првпат двоцифрена разлика создадовме во 43. минута, 25:15, а со истата разлика ја завршивме и средбата, 32:22.

Во Металург се истакна Шилегов, кој постигна девет гола.

Металург – Текстилец  32:22 (18:10)

Металург: Обреновиќ, Петковски, Доневски 1, Стојковски 5, Здравковски 2, Стојменов 2, Шилегов 9, Лембанов 2, Танкоски 2, Илиевски 3, Митревски 1, Лазаревски, Беќаровски, Петрески 3, Реџиќ и Шулевски 2.     Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 8 минути.

Текстилец: Станков, Мирчевски, Данев 5, Гичев 4, Сарашов, Јованов 2, Василев, Јовановски 7, Каранфиловски, Ампов, Попов 1, Чмрлец, Јорданов, Јахјаов, Димитриев 1 и Павловски 2.     Седмерци: 4/4.      Исклучувања: 6 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 551 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 10