Младинците на Металург го надиграа Работнички

11.03.2020 00:19
DAR_4401_resize

Во 8. коло на младинското првенство на Македонија, група 2, Металург на гостувањето кај Работнички славеше со убедливи 17 голови разлика, 20:37 (9:20).

Тоа беше една од средбите на кои од самиот почеток се знае победникот, но не се знае само со колкава разлика ќе биде изразена победата. Металург почна со серија од 5:0, но многу скоро стекна и предност од 8 гола, 2:10, по се до +11, со кои и заврши првото полувреме, 9:20.

Вториот дел мина во рутинска игра на Металург, кој полека разликата ја зголеми и на +17.

Ова е шеста победа на младинците на Металург, кои имаат и два порази. Во следното коло не очекува тешко гостување и дерби натпреварот со Бутел Скопје, кој директно решава за второто место во групата.

.

РК Работнички – РК Металург  20:37 (9:20)

РК Работнички: Михајловиќ 3, Фиданов 6, Перчуклиевски, Добревски 3, Марковиќ, Кочаров 4, Џепаровски 2 и Мишовски 2.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 12 минути.

РК Металург: Стојчевски, Димевски 7, Андовски 5, Стефановски 3, Вељановски 2, Халиловиќ, Ташевски 1, Ралев, Петковски 3, Брестовац, Мелоски 2, Николов 3, Шкријељ 2, Андревски 3, Васовски 1 и Тодески 5.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања. 6 минути.

Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Белимов Ерик од Скопје.

Прочитано 315 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 9 = 0