МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО НАДИГРАА РАДОВИШ ВО РАДОВИШ

17.11.2014 14:50
DSC_0070_resize

za tekst

Младинците на Металург се вратија со победа од гостувањето во Радовиш. Истоимениот домашен состав е совладан со резултат 34:26 (15:12).

Натпреварот почна лошо за нашиот состав. Радовиш поведе со 4:1, ние покасно намаливме на 6:4. Домашните водеа во текот на првата половина на првото полувреме, се до израмнувањето на 10:10. Од тој момент, нашите ракометари целосно ја преземаа иницијативата и до крајот на првиот дел обезбедија предност од три гола, 15:12.

Второто полувреме целосно ни припадна нам. Водството стекнато во првото полувреме го задржавме и дополнително го зголемивме до крајните +8, 34:26.

Најдобри во нашиот состав беа Димитриоски и Танкоски, кои беа прецизни во по седум наврати.

Радовиш – Металург 26:34 (12:15)

Металург: Петковски, Алушовски, Доневски 1, Реџиќ, Шулевски 1, Здравковски 4, Димитриоски 7, Илиевски 6, Стојменов, Шилегов 6, Лембанов, Танкоски 7, Смилевски, Митревски, Лазаревски 2, Беќаровски.

Прочитано 590 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 13