Младинците на Металург го надиграа тимот на Работнички

16.02.2019 17:20
_DSC0136_resize

Во десеттото коло на младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург убедливо го совладаа тимот на Работнички, со резултат 36:29 (13:13). Ова е четврта победа на нашиот тим во тековното првенство.

Нашиот противник за овој натпревар допатува со само осуммина ракометари, поради големиот број на казнети играчи, но тоа не ја намалува вредноста на нашата победа, особено што тимот на Работнички е позициониран на високото второ место во групата.

Првото полувреме мина во целосно израмнета борба, со повремена предност на двете екипи. Почетокот ни припадна нам, средината мина во знакот на Работнички, а крајот повторно со предност на Металург. Првото полувреме заврши со резултат 13:13. Во овој период од играта се истакна противничкиот голман Куртановиќ, кој одбрани неколку чисти зицери на нашите ракометари, особено од крилните позиции.

Работнички забележа и две водства на почетокот на вториот дел, но потоа се разиграа нашите ракометари, кои ја искористија замореноста на противничките играчи, па постепено Металург стекна комотна предност, се до конечните 36:29.

Младинците на Металург како да се специјализираа за одземање на бодови од фаворитите, па по победата над Струга во Струга, еве освоивме цел плен и против Работнички.

.

РК Металург – РК Работнички  36:29 (13:13)

РК Металург: Стојчевски, Димевски 1, Фидановски 5, Крстев 1, Стојановски, Вељановски 1, Стојчески 1, Петровски 7, Јорданов 4, Василев 1, Митковски, Брестовац, Мелоски 4, Николов 8, Стојковиќ и Андревски.    Седмерци: 5/8.     Искучувања: 8 минути.

РК Работнички: Куртановиќ, Игнов, Манев, Мисаилески, Благопетров, Стефановски, Милошески и Томчевски.    Седмерци: 0/2.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 276 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =