Топ Вести

МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО НАДИГРАА ЗОМИМАК ВО СТРУМИЦА

16.03.2015 14:53
_DSC0129_resize

za tekst

Младинците на Металург се вратија со полн плен од гостувањето во Струмица. Домашниот Зомимак М е совладан со резултат 29:23 (10:9).

Нашите младинци, кои по години се кадети и кои ден порано се прославија со постигнатите 61 гол во натпревар од кадетската лига, каде настапуваат во истиот состав, извојуваа рутинска победа во Струмица.

Првото полувреме помина во поизрамнета борба, на што укажува и исходот по првите 30 минути игра. Домашниот состав имаше почетно водство и контрола врз резултатот во првите десет минути игра, а потоа Металург поведе со 4:3 и тоа водство го сочува до крајот на средбата.

Второто полувреме само ја потврди разликата во квалитетот на двете  екипи, а Металург си запиша нови бодови на своето конто.

Зомимак М – Металург  23:29 (9:10)

Зомимак М: Ристов, Наков 8, Шилинов, Стојанов 3, Ангелов, С.Стојанов 6, Тасев 5, Мастев, Мицев, Горгиев, Танев, Терзиев 1, Божиновски, А.Тасев, Стојков и Кантарџиев.   Седмерци: 4/4.    ИсклучувањА: 2 мин.

Металург: Блажевски, Петковски, Доневски 1, Реџиќ, Шулевски, Здравковски 5, Димитриоски 7, Илиевски 4, Стојменов 1, Шилегов 6, Лембанов, Танкоски 5, Смилевски и Лазаревски.   Седмерци: 2/2.  Исклучувања: 2 мин.

Судии: Андонов Андреј и Јованов Иван од Радовиш

Делегат: Живко Андонов од Радовиш

Прочитано 1.654 пати

(1) Коментар

  1. lesno

Напишете коментар


8 − 4 =