Топ Вести

МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДАА И РАБОТНИЧКИ

14.04.2015 23:29
_DSC0129_resize

za tekst

Младинците на Металург денеска во Автокоманда ја совладаа соодветната екипа на Работнички, со резултат 36:25 (12:12) и продолжија со својот сто настотен резултатски ефект.

Првото полувреме мина во израмнета борба, но Работнички беше тимот што го контролираше резултатот. При крајот на полувремето Металург ја сврти играта и поведе со два гола предност, 11:9, но на одмор екипите заминаа при израмнети 12:12.

Во вториот дел од средбата работите си дојдоа на своето место. Металург уфрли во втора брзина и до крајот на натпреварот создаде огромна позитива од 11 гола.

Шилегов, со 8, и Здравковски и Танковски, со по 7 постигнати гола, беа најдобри во нашиот состав. Сепак, најдобар на средбата беше Николовски од Работнички, кој зад своето име запиша дури 11 гола.

Металург – Работнички  36:25 (12:12)

Металург: Петковски, Блажевски, Доневски, Реџиќ, Шулевски 1, Стојковски 4, Здравковски 7, Илиевски 4, Стојменов 2, Шилегов 8, Лембанов, Танкоски 7, Смилевски 1, Митревски, Лазаревски 1 и Беќаровски 1.      Седмерци: 5/6.       Исклучувања: 8 минути.

Работнички: Шиклевски, Јовчевски, Садиковиќ, Јовановски, Зизоски, Станкоски, Николовски, Јаневски, Јовевски, Исајловски, Буневски, Ангеловски, Орданоски, Ѓорѓиевски, Блажевски и Апостоловски.      Седмерци: 2/4.       Исклучувања: 12 минути.       Црвен картон: Ѓорѓиевски во 32 минута.

Судии: Трајковски Мирко и Вукашиновски Александар од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 677 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 13