Топ Вести

МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДАА КУМАНОВО

08.03.2015 16:07
_DSC0107_resize

za tekst

Младинците на Металург во Автокоманда го совладаа тимот на Куманово, со резултат 40:32 (18:16).

Во првото полувреме гостите од Куманово пружија достоен отпор. Гостите поведоа со 2:0, но потоа проработи контрата на Металург, па веќе во 5. минута го презедовме водството, кое го задржавме до крајот на средбата. Иако на моменти водевме и со пет гола разлика, противникот постојано се враќаше во игра, па полувремето заврши со наша предност од само два гола, 18:16.

Во вториот дел дојде до израз квалитетот на нашиот тим и нашата подобра физичка подготовка, па релативно лесно создадовме недостижна предност, која на крајот стигна и до + 8, 40:32.

РК Металург – РК Куманово  40:32 (18:16)

РК Металург: Блажевски, Петковски, Доневски, Реџиќ 1, Шулевски 1, Здравковски 1, Димитриоски 12, Илиевски 6, Шилегов 9, Лембанов 1, Танкоски 5, Митревски 1, Лазаревски 2 и Беќаровски 1.

РК Куманово: Димковски 15, Атанасовски 2, Петрушевски 4, Цветковски 4, Клековски 4, Арангеловски 1, Петровски, Казимовски, Георгиевски, Нојковски, Јакимовски, Стојмановски, Цветковски и Костовски 2.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 731 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 12