Младинците на Металург го совладаа Прилеп

21.04.2018 14:41
DSC_1611_resize

Во претпоследното, 13-то, коло од младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург 1 дојдоа до својата четврта победа. Совладана е екипата на Прилеп, со резултат 36:33 (22:15).

Иако резултатот изгледа тесен, нашите младинци беа подобри во текот на целата средба. Всушност, натпреварот беше решен уште во првата половина од првото полувреме, кога нашите младинци поведоа со 7:1 и 9:2. Првото полувреме го завршивме со предност од седум гола.

Високата предност делуваше демотивирачки врз нашите младинци, кои во второто полувреме влегоа олабавени, а противникот тоа го искористи и осетно ја намали нашата предност. Сепак, тоа не ја загрози нашата победа, која е кристално чиста и заслужена.

.

РК Металург – РК Прилеп  36:33 (22:15)

РК Металург: Ацевски, Дуноски 4, Табаковски 5, Донев 2, А.Вељановски, Штерјев, Мелоски 6, Јорданов, Андревски 4, Б.Вељановски 3, Прентоски 3, Стојановски, Блажевски 2, Грујоски, Николов 4 и Петровски 3.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

РК Прилеп: Ангелески, Стојаноски, Нешкоски 5, Тодески 7, Павлов, Свртинов 5, Орданоски, Крстески 3, Рајатоски, Симоноски 4, Илиески 7, Јосески 2 и Ивчески.   Седмерци: 7/7.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.

Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

Прочитано 153 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 10