Младинците на Металург го совладаа тимот на Јуниор К.В.

01.12.2019 19:20
DAR_9929_resize

Во рамките на шестото коло на младинската лига, група 2, во Автокоманда се одигра натпревар меѓу екипите на Металург и на Јуниор К.В.

Второпласираниот Металург беше голем фаворит на оваа средба, особено што тимот на Јуниор К.В., кој е претпоследен на табелата, дојде со само деветмина ракометари. Металург ја оправда својата улога и го совлада противникот, со резултат 32:26 (17:13).

Сепак, противникот пружи неочекувано силен отпор, особено во првото полувреме, кога во средината на овој дел водеше со три голови разлика, 7:10. Високото водство на Јуниор како да ги разбуди ракометарите на Металург, кои веднаш вратија со серија од 7:0, за сега наша убедлива предност, 14:10. Првото полувреме заврши со резултат 17:13.

Во вториот дел не се случи ништо значајно за текот на средбата. Металург рутинирано ја сочува својата предност, па и ја зголеми до конечни +6, 32:26.

По ова коло, Металург останува на втората позиција, со пет победи и еден пораз. Во следното коло не очекува исклучително тешка средба, бидејќи ќе и гостуваме на водечката екипа на КЛ-7 Лазаров.

.

Металург – Јуниор К.В.  32:26 (17:13)

Металург: Брестовац, Стојчевски, Димевски 1, Андоновски 4, Крстев, Николовски 2, Халиловиќ, Ташевски 1, Вељановски 2, Петковски 3, Васовски, Николов 8, Шкријељ 4, Андревски 1, Стојковиќ и Тодески 6.     Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 6 минути.

Јуниор К.В.: Ачковски, Јордановски 7, Крстевски 8, Костадинов 3, Благопетров 4, Младеновски, Кафтански 1, Дабевски 3 и Костадиновски.    Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски од Скопје.

Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

Прочитано 326 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 2