Младинците на Металург го совладаа тимот на КЛ-7

17.11.2019 21:18
DAR_8393_resize

Во четвртото коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург ја совладаа екипата на КЛ-7, со резултат 32:30 (16:13).

Видовме борбен и динамичен натпревар во кој нашите младинци водеа во текот на сите 60 минути и заслужено ги освоија трите бода, нанесувајќи му го првиот пораз на нашиот денешен противник.

Во текот на првото полувреме имавме сигурна игра и ракометарите на КЛ-7 не можеа ништо друго освен да се борат за што помала негатива. Првиот дел заврши со резултат 16:13.

Работите се искомплицираа во втората половина од второто полувреме, кога кај нашите ракометари се почувствува замор. Мора да се каже дека оваа наша екипа е всушност кадетска според годините и вчера имаше многу тежок натпревар во кадетската лига. Ракометарите на КЛ-7 во неколку наврати дојдоа на само гол негатива и ја загрозија нашата победа, но на крајот сепак победи подобриот.

Ова е трета победа на младинците на Металург, кои имаат и еден пораз. Во следното коло нашите младинци ќе и гостуваат на екипата на Вардар.

.

РК Металург – РК КЛ-7  32:30 (16:13)

РК Металург: Брестовац 1, Мијатовиќ, Димевски 7, Андовски, Крстев 2, А.Вељановски, Николовски 3, Ташевски 2, Б.Вељановски 1, Петковски, Мелоски 1, Николов 6, Шкријељ, Андревски 9, Стојковиќ и Тодевски.     Седмерци: 4/8.    Исклучувања: 8 минути.

РК КЛ-7: Мишевски 3, Дуноски 2, Стрезоски, Христоски 4, Галевски, Шулески 1, Симоноски, Тренески, Борчески 1, Ѓоргоски 7, Костовски 10, Ѓоргиевски 1 и Ортаковски.     Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Василевски Ѓорги и Јовановски Иван Скопје.

Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

Прочитано 638 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 18