МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДАА ТИМОТ НА ПРОЛЕТ 62

20.10.2014 22:26
_DSC0029_resize

za tekst

Во третото коло на македонската младинска лига нашите младинци го совладаа тимот на Пролет 62, кого го победија со резултат 18:16 (8:5). Оваа средба се одигра вечерва, а, иако се играше во Автокоманда, домаќин беше тимот на Пролет 62.

Видовме цврст и неизвесен натпревар, кој почна лошо за нашата екипа. Во првите 18 минути постигнавме само еден гол, а примивме три. Сепак, во следниот период ја стабилизиравме нашата игра, а првпат поведовме со резултат 5:4. Веќе до одморот нашата предност се зголеми на три гола, 8:5.

И во второто полувреме се водеше жестока борба, а противникот постојано го напаѓаше нашиот резултат. Сепак, до крајот на средбата Пролет успеа да ја намали нашата предност за само еден гол, за крајни 18:16.

Пролет 62 – Металург  16:18 (5:8)

Пролет 62: Гочевски, Наумовски, Џонов, Ичокаев 2, Лефковски, Костовски 5, Николовски 1, Владимиров, Аларов, Дамчевски 3, Кристо, Огњановски 4, Пановски, Љубевски и Никодиновски 1.       Седмерци: 5/7.      Исклучувања: 14 минути.

Металург: Доневски, Стојковски 1, Здравковски 5, Смилевски, Стојменов 1, Шилегов 3, Лембанов, Танкоски 5, Илиевски, Алушовски, Лазаревски, Беќаровски 1, Петковски, Петрески 1, Реџиќ и Шулевски 1.       Седмерци: 4/4.        Исклучувања: 12 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир од Скопје.

Прочитано 629 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1