Топ Вести

Младинците на Металург ја изненадија Струга во Струга

03.02.2019 15:14
DSC0071_resize

Во осмото коло на младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург гостуваа во Струга. Стружаните, како третопласирани во групата, важеа за фаворити на свој терен, но со тоа не се сложија нашите млади ракометари, кои одиграа одличен натпревар и заминаа со сите три бода.

Средбата почна со серија од 3:0 на нашите ракометари, кои уште на почетокот најавија дека ќе се борат за полн плен. Иако Струга подоцна израмни, па и поведе со 5:4, тоа не го сруши моралот на младиот Металург, кој првото полувреме го доби со минимални 10:11.

Ако во првиот дел екипите наизменично се наоѓаа во водство, во вториот дел Металург во ниту еден момент не ја испушти својата предност. На средината на второто полувреме ги имавме максималните +4, но средбата ја завршивме со истата предност како и по првиот дел, 24:25.

Во осум натпревари ова е трета победа на нашиот тим.

.

РК Струга – РК Металург  24:25 (10:11)

РК Струга: Стојаноски, Тутенкоски 1, Савески, Кузманоскин 6, Крстаноски 3, Милески, Хаџидимов 2, Нацев, Ферукоски, Дукоски 2, Маркоски, Гронки, Трајкоски, Мемед 1, Костоски и Костески 9.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Брестовац, Димевски 3, Фидановски, Крстев 1, Стојаноски, Вељановски 1, Стојчески, Петровски 3, Рачевски 1, Василев, Митковски, Мелоски 2, Николов 10, Стојковиќ 1 и Андревски 3.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Наташа Глигороска и Викторија Прентоска.

Делегат: Трпеновски Јован.

Прочитано 693 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 1