Младинците на Металург ја совладаа Струга во Струга

10.11.2019 17:56
DAR_5754_resize

Во рамките на третото коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург гостуваа во Струга. Средбата мина во голема и рамноправна борба, во која победникот се решаваше во последните мигови.

Во првото полувреме двете екипи имаа свои периоди и свои водства, но домашниот состав беше поконкретен и во втората половина од овој дел создаде предност од три гола, која ја повтори во повеќе наврати. Сепак, Металург успеа да ја анулира негативата и двете екипи на одмор заминаа при резултат 18:18.

Во вториот дел работите се променија. Најпрво течеше периодот на мало водство на Струга, се до 22:22, а потоа Металург изби во водство и својата предност ја задржа до самиот крај. И ние водевме со максимални три гола, предност што ја постигнавме во повеќе наврати. Конечниот резултат од овој натпревар е 32:33, во полза на Металург.

Во следното коло нашите младинци ќе играат во Автокоманда, со екипата на РШ КЛ-7.

.

РК Струга – РК Металург  32:33 (18:18)

РК Струга: Затаракоски, Маркоски 12, Крстаноски 3, Лекоски, Б.Стрезоски, Петрески, Стојаноски, Ферукоски 3, Н.Стрезоски 1, Јаковчески, Костески 11, Ѓорѓески, Попин 2 и Русески.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 12 минути.

РК Металург: Брестовац, Стојчевски, Димевски 5, Андовски, Крстев 1, Вељановски 4, Николовски 2, Халиловиќ, Ташевски, Петковски 6, Меловски 3, Николов 5, Шкријељ, Андрески 5 и Стојковиќ 2.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Шуковски Александар и Беличовски Филип од Ресен.

Делегат: Георгиевски Дане од Ресен.

 

Прочитано 362 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 6 =