Топ Вести

МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТРЕТОТО МЕСТО

10.05.2015 21:18
_DSC0101_resize

za tekst

Младинците на Металург ја загубија полуфиналната средба против тимот на Прилеп во младинскиот фајналфор што денеска се одржува во Автокоманда. Загубивме со резултат 24:26 (10:11).

За жал, одигравме лош натпревар во кој на неколку наврати испуштивме можност да се пласираме во финалето. Сепак, победата на младинците на Прилеп е сосема заслужена.

Првото полувреме им припадна на прилепчани, кои постојано одржуваа водство, додека Металург само повремено успеваше да го израмни резултатот.

Работите се променија на почетокот на вториот дел, кога Металург, со серија од 4:0, успеа да го превземе водството, 14:11. Но, Прилеп не се предаде и по десетина минути се врати во игра поведувајки со резултат 16:17. Во последните десетина минути влеговме со предност од два гола, 23:21, но и со два ракометари повеќе. Но, наместо конечно да го скршиме отпорот на противникот, дозволивме Прилеп прво да се одбрани, а потоа и да поведе со 24:25. Имавме половина минута за да го израмниме резултатот, но направивме техничка грешка, а Прилеп тоа го искористи и постигна нов гол, за конечни 24:26.

Металург – Прилеп  24:26 (10:11)

Металург: Блажевски, Петковски, Реџиќ 1, Шулевски 1, Стојковски 3, Здравковски 2, Димитриоски 5, Илиевски 1, Стојменов, Шилегов 4, Лембанов, Танкоски 7, Смилевски, Митревски, Лазаревски и Беќаровски.      Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 4 мин.       Црвен картон: Здравковски Кристијан  во 60 мин.

Прилеп: Илиоски, Деспотовски, Н.Петрески 9, Нешкоски, Трајкоски 3, Јанески 4, Стојчески 1, Ф.Петрески, Тинтор, Спасевски 3, Шокоски, Кусубојовски, Ноневски, Кочоски, Силески и Илиески 6.       Седмерци: 4/5.      Исклучувања: 4 мин.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир од Скопје.

Во финалето ќе игра и екипата на Вардар која во првиот полуфинален натпревар го совлада тимот на Пролет, со резултат 18:17 (8:10)

 

Прочитано 590 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 12