Младинците на Металург поразени од Охрид 2013

07.11.2018 10:31
DSC0073_resize3

Во четвртото коло на младинското првенство на Македонија, група 1, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург и на Охрид 2013. Помладите за оваа категорија ракометари на нашиот тим не можеа да се носат со повозрасните младинци од Охрид и ја загубија средбата со резултат 25:37 (8:19).

Охрид имаше резултатска предност и контрола врз играта во текот на сите 60 минути. Уште во почетната фаза од средбата, гостите дојдоа до предност од најпрво три гола, 1:4, потоа четири гола, 2:6, а првото полувреме го завршија со позитива од цели 11 гола, 8:19.

За разлика од првото, второто полувреме мина во израмнета борба и со многу посилен отпор на Металург, а заврши со минимална предност на гостите, 17:18, за конечни 25:37.

.

РК Металург – РК Охрид 2013  25:37 (8:19)

РК Металург: Ацевски, Димевски 1, Фидановски 1, Василев 1, Стојчески 2, Миндошев 2, Блажевски 1, Миладиноски, Јорданов 4, Донев 4, Митковски, Брестовац, Абдулкарим, Николов, Стојковиќ 1 и Петровски 8.   Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 4 минути.

РК Охрид 2013: Палоски, Наумоски, М.Иваноски 4, Костов 9, Селман, Димитриески 11 , Јанески, Попоски, Трајкоски, Ангелоски, Н.Ристески 3, Петровиќ 2, Мих.Иваноски 2, Ристески, Андоновски 4 и Најденовски 1.    Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 195 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 12