МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ПОРАЗЕНИ ОД ВАРДАР

27.10.2012 01:30
DSC_0182_resize

Во „Автокоманда“ се одигра младински натпревар помеѓу екипите на Металург и Вардар ПРО. Гостите беа поуспешни и заслужено заминаа со три бода. Резултатот од средбата е 15:22 (6:12).

Натпреварот се одигра пред околу стотина гледачи.

Освен почетното водство на нашите ракометари, во текот на целата средба гостите беа тие што го диктираа темпото и имаа целосна контрола на резултатот. Нашите момчиња се држеа во првата половина на првото полувреме, сѐ до резултат 6:7. Потоа следуваше период на лоша игра на нашиот тим, што поискусните гостински ракометари знаеја да го искористат и, со серија од 7:0, го решија натпреварот.

DSC_0247_resize_resize

Највисокото водство на противникот изнесуваше +10 гола, 7:17. Сепак, ракометарите на Металург на крајот го ублажија поразот.

Најдобар поединец на средбата беше нашиот Димитриоски со 7 постигнати гола.

РК Металург – РК Вардар ПРО   15:22 (6:12)

РК Металург: Алушовски, Обреновиќ, Доневски, Илиоски, Шулевски, Илиовски 1, Здравковски 1, Димитриоски 7, Стојменов, Стојковски 1, Ставридис 3, Шилегов, Митревски 2, Реџиќ, Беќаровски и Лазаревски.        Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 4 минути.

РК Вардар ПРО: Кљаиќ, Стојанов, Стефановски 1, Димовски 5, Сичев 2, Талевски 2, Ѓуровски 6, Петровски 1, Стојковски, Ристовски 1, Кликовски 1, Љубевски 1, Настевски, Атанасовски, Арсеновски 1 и Ристов 1.     Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Даниел од Скопје.

Делегат: Дишлиев Стојан од Скопје.

Прочитано 671 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 11