Младинците на Металург се поразени на гостувањето кај КЛ-7 Лазаров

07.12.2019 20:44
79215229_2448744688697315_8972494840952520704_n

Во дерби натпреварот на 7. коло на младинската лига на Македонија, група 2, младинците на Металург се поразени на гостувањето кај екипата на КЛ-7 Лазаров, со резултат 26:23 (13:12).

Средбата ги оправда очекувањата и мина во рамноправна борба, со силна желба на двете екипи за победа и со многу физички контакти, поради што беа досудени вкупно дури 24 минути исклучувања.

Во првото полувреме двете екипи имаа свои периоди на водство. Највисокото водство на домашниот состав изнесуваше три гола, додека Металург имаше највисока предност од два гола. Ова прво полувреме заврши со резултат 13:12 во полза на домаќинот.

На почетокот од вториот дел младинците на Металург, кои според годините се всушност кадети, успеаа двапати да израмнат, а потоа КЛ-7 Лазаров повторно го презеде водството и го задржа до крајот на овој натпревар.

Ова е втор пораз на овој наш младински тим, кој има и пет победи.

.

РК КЛ-7 Лазаров – РК Металург  26:23 (13:12)

РК КЛ-7 Лазаров: Ерманоски, Џигеровски, Трајковски, Стојков 6, Каковски 2, Даев, Ѓоргиев 3, Петрески, Симоноски 8, Василев, Илиески, Павлов, Димовски 2, Гучески 5, Јорданов и Мирчевски.   Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 10 мин.

РК Металург: Брестовац, Димевски, Андоновски, Крстев, А.Вељановски, Николоски, Ташевски 4, Б.Вељановски 1, Петковски 3, Мелоски 1, Николов 2, Шкријељ, Андревски, Тодески 1, С.Додиќ 9 и Мијатовиќ.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 14 мин.

Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

Прочитано 541 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 8