- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 4 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 4 months
МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ СЕ ПОРАЗЕНИ ОД ЕКИПАТА НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ.

Вчера екипата на Тинекс Пролет беше пресилна за младите момчиња на Металург, кои настапуваат во младинска конкуренција, иако според годините, генерација 1998, се пионери. Во составот на екипата на Пролет играа и ексракометарите на Металург Јуниор, Мајнов и Сековски, кои имаат суперлигашко искуство и кои постигнаа 12 од 17-те гола на противникот. Без нив двајца, во борбата со нашите врсници од противничкиот табор, средбата ќе се одвиваше сосема поинаку.
Во такви услови ракометарите на Металург не можеа да направат ништо повеќе освен пристојно да загубат.
Тинекс Пролет својата победа ја оствари веќе во првото полувреме, кое го доби со резултат 10:4, а го завери со играта во вториот дел. Најдобри поединци на натпреварот беа Кирил Сековски (8) и Доне Мајнов (4).
РК Металург (младинци) – РК Тинекс Пролет (младинци) 10:17 (4:10)
РК Металург: Алушовски, Обреновиќ, Доневски 1, Илиоски, Лазаревски, Илиевски 2, Димитриоски 2, Стојменов 1, Стојковски 2, Здравковски 1, Шулевски 1, Ставридис, Митревски, Реџиќ, Беќаровски и Смилевски. Седмерци: 0/2. Исклучувања: 4 минути.
РК Тинекс Пролет: Томовски, Дамчевски, Костовски 2, Огњановски, Гечевски, Јаховиќ 1, Левковски, Џонов 2, Ичокаев, Владимиров, Апостоловски, Љубевски, Јованов, Кристо, Мајнов 4 и Сековски 8. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Влатко и Младен Цветковски од Скопје.