Младинците на Металург се враќаат со победа од гостувањето кај Вардар

24.11.2019 22:51
DAR_9082_resize

Во петтото коло на младинската лига на Македонија, група 2, младинците на Металург гостуваа кај екипата на Вардар. Видовме одличен натпревар во кој славеа нашите младинци, со резултат 29:34 (17:19).

Победата на Металург е сосема заслужена, бидејќи водевме во текот на целата средба.

Во првото полувреме одржувавме постојано водство од 1 до 3 гола, а овој период го добивме со резултат 17:19.

Уште подобро го одиграа нашите младинци вториот дел, во кој имавме и максимална предност од 6 голови.

Ова е четврта победа на нашиот младински тим, кој во следното коло во Автокоманда ќе го пречека тимот на РК Јуниор КВ.

.

РК Вардар – РК Металург  29:34 (17:19)

РК Вардар: Н.Спасовски, Стојановски 3, Аритонов, Сипковски 1, Ристевски 1, Симоновски, Колевски, Петрушевски 2, Трајановски 9, Тодороски, Стојменов 2, Петковски 3, Ѓ.Спасовски, Трифуноски 2, Анакиевски 5 и Писонеро 1    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 12 мин.

РК Металург: Брестовац, Стојчевски, Димевски 5, Андовски 7, Крстев, А.Вељановски, Николовски 1, Ташевски, Б.Вељановски 2, Петковски 2, Мелоски, Николов 10, Шкријељ, Андревски 2, Стојковиќ и Тодески 5.   Седмерци: 9/10.   Исклучувања: 12 мин.

Судии: Ѓорѓиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Белимов Ерик од Скопје.

Прочитано 498 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 18