Младинците на Металург загубија на гостувањето во Охрид

27.02.2019 20:28
5-23

Во 11. коло на младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург загубија на гостувањето во Охрид, со резултат (18:12).

Загубивме од неспорниот лидер во нашата група, кој забележа дури 11 победи во 11-ет кола.

Младинците на Металург беа рамноправни во првата половина на првото полувреме и дури беа и во водство, но потоа Охрид успеа да воспостави контрола и да направи резултатски пресврт, па веќе после првите 30 минути стекна висока предност од 6 голови.

Во вториот дел продолжи добрата игра на домашниот тим, кој средбата ја заврши со позитива од цели 12 гола.

.

РК Охрид – РК Металург  35:23 (18:12)

РК Охрид: Брауновиќ, Јанески, Неранџоски, Ивановски 7, Ристески, Селман 3, Најдановски 1, Наумоски 1, Димитриески 3, Петровиќ 4, Ристески 5, Андоновски 2, Буџакоски 3, Костов и Иваноски 6.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 4 минути.

РК Металург: Ацевски, Димевски 4, Фидановски 3, Крстев, Стојановски, Вељановски 3, Стојчевски, Петровски 8, Јорданов 1, Василев, Митковски 1, М.Стојчевски, Нелоски 1 и Николов 2.    Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Филип Беличовски и Љубомир Ќулумовски од Ресен.

Делегат: Дане Ѓоргиевски од Ресен.

Прочитано 361 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =