Младинците на Металург загубија од Вардар

17.11.2018 21:43
_DSC0010_resize

Во шестото коло на младинското првенство на Македонија, група 1, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург и на Вардар. Без разлика на квалитетот на тимовите и нивното место на табелата, средбите меѓу Металург и Вардар се секогаш дерби-средби, па таква беше и денешната. Натпреварот заврши со сигурна победа на Вардар, кој одигра одлично второ полувреме и славеше со резултат 19:27 (8:10).

Двата тима, кои според годините се кадетски, одиграа израмнето прво полувреме во кое првите 15 минути минаа во знакот на Металург, а вторите му припаднаа на Вардар. Првото полувреме заврши со резултат 8:10 во полза на гостинскиот тим.

За жал, Металург одигра лошо второ полувреме во кое многу рано гостите се стекнаа со осетна предност. Повисоките и поснажни вардарови ракометари поставија вистински бедем пред својот гол, па нашите ракометари се потешко доаѓаа до гол-ситуација. Во одбраната, пак, не успевавме да го сопреме Вардар, кој постепено дојде до максималните +10, 16:26. Средбата заврши со резултат 19:27.

.

Металург – Вардар  19:27 (8:10)

Металург:  Ацевски, Димевски, Фидановски 2, Крстев, Стојчески, Вељановски 2, Блажевски, Миладиноски, Јорданов 5, Донев 1, Митковски, Брестовац, Мелоски 2, Николов 2, Василев и Петровски 5.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 2 минути.

Вардар: Атанасовски 2, Грујовски 1, Мирчевски, Мишевски 3, Савревски 5, Србиновски 2, Стојкоски, Трајановски, Трајчевски, Чакалиќ 5, Ангелковски, Димитријевски 4, Димчевски 1, Павловски 3, Пешевски 1 и Трифуновски.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Божиновска Сања и Капсарева Михаела од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 220 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 7