МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ЗАГУБИЈА ВО КУМАНОВО

05.03.2013 00:13
DSC_0302_resize

Младинците на Металург загубија на гостувањето во Куманово, со резултат 20:23 (9:7).

Средбата помина во тешка и цврста борба во која посетителите видоа две различни полувремиња.

 Во првиот дел темпото го диктираа нашите младинци, кои поведоа од самиот почеток и во текот на целото полувреме одржуваа предност од еден до два гола. Овој дел од натпреварот го завршивме со позитива од два гола, 9:7.

Во вториот дел работите се изменија. Домашниот состав, со серија од 4:0, го преокрена резултатот, а малку подоцна, со нова идентична серија, создаде и поголема предност, која до крајот на средбата не успеавме да ја достигнеме.

На крајот, 23:20, за составот од Куманово.

Младинци: РК Куманово – РК Металург  23:20  (7:9)

Куманово: Ристиќ, Спасиќ, Најковски, Х.Димковски 7, Д.Димковски, Кленковски, Денковски 2, Ивановски 1, Арангеловски, Стошиќ, Цветковски 4, Несторовски 7, Стојковски 2, Димитриевски и Георгиевски.     Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 0 минути.

Металург: Блажевски, Доневски 3, Беќаровски, Илиевски, Стојменов 1, Лазаревски, Петковски, Стојковски 3, Митревски 1, Гроздановски 2, Цветковски, Ставридис 2, Шулевски, Димитриоски 6, Шилегов и Здравковски 2.             Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Александар Стојановиќ и Влатко Анастасовски.

Делегат: Владимир Стојчевиќ.

Прочитано 733 пати

(1) Коментар

  1. Slabi sa metalurg… Kumanovci sa najaki !!

Напишете коментар


2 + = 4