МЛАДИНЦИТЕ НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ ПОСИЛНИ ОД ТИЕ НА МЕТАЛУРГ

04.11.2012 15:41
DSC_0302_resize_resize_resize

Во салата “Македонско сонце“ денеска се одигра младинската средба меѓу Тинекс Пролет и Металург. Победи домашниот состав, со резултат 20:16 (12:5).

Иако нашите младинци добро ја почнаа средбата и во добар дел од првото полувреме беа рамноправен партнер, сепак возраста и искуството на домашната екипа конечно преовладаа. Првиот дел заврши со резултат 12:5 за Тинекс Пролет.

Во вториот дел ракометарите на Тинекс Пролет продолжија со зголемување на својата предност, која во 43. минута достигна +10, 18:8. Во тој момент тренерот на домашната екипа ги повлече Сековски и Мајнов (минатата година играа за нашиот суперлигаш Металург Јуниор), кои беа стрелци на речиси половина од домашните голови, и работите нагло се променија. За само неколку минути нашите момчиња ги надиграа своите противници и со серија од 8:2 го ублажија поразот.

DSC_0337_resize_resize_resize

РК Тинекс Пролет (младинци) – РК Металург (младинци)  20:16 (12:5)

РК Металург: Алушовски, Илиевски 3, Мијушковиќ, Лазаревски, Доневски 2, Митревски 3, Гроздановски, Илиовски 3, Стојменов 1, Петковски, Шулевски, Беќаровски, Мишевски, Цветковски 1, Димитриоски и Ставридис 3.    Седмерци:2/4.    Исклучувања: 2 минути.

Фотогалерија:

Прочитано 555 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 6