Младиот Димитар Бардаковски е нов голман на Металург

06.07.2021 13:02
211113521_1427493684316739_467178598972981062_n_resize

Металург денеска потпиша четиригодишен договор со младиот голман Димитар Бардаковски (19), кој доаѓа од Еурофарм Пелистер и кој заедно со Давид Брестовац ќе формираат двојка на млади голмани.

Димитар Бардаковски минатата година го потпиша својот прв професионален договор со Еурофарм Пелистер, но сега потребното искуство ќе го стекнува во дресот на Металург. Бардаковски е талентиран голман кој во Автокоманда ќе ја бара својата минутажа и својата шанса и со Давид Брестовац ќе формира дуо на млади голмани. Засега се знае дека помладиот Брестовац ќе тренира со првиот тим, но ќе брани во Металург РА.

Металург, инаку, се уште е во потрага на поискусен голман, кој треба да го замени Даниел Ѓорѓески, кој, пак, реши својата кариера да ја продолжи во клуб од Унгарија.

Претходно, нов договор со Металург потпиша нашиот прв голман и капитен – Даниел Дупјачанец.

Димитар Бардаковски е петтото засилување на Металург за новата сезона, по браќата-бекови Њокас, пикерот Костадин Петров и по средниот бек Бобан Каковски.

Фото:

Прочитано 291 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 16