Младиот голман Предраг Мијатовиќ денеска му се приклучи на Металург

07.08.2018 19:53
_DSC0033_resize

Младиот српски голман Предраг Мијатовиќ (16), кој важи за голем талент, а во Металург дојде од белградски Партизан, денеска му се приклучи на тимот и ги одработи тренинзите. Мијатовиќ е кадетски репрезентативец на својата земја, а со Металург договори тригодишна соработка. Тој најверојатно сезоната ќе ја почне во тимот на Раде Стојановиќ, во Металург 2, но секако ќе биде следен од шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац, па, во зависност од своите резултати, ќе конкурира и за првиот тим.

Презадоволен сум од можноста да тренирам и да настапувам во Металург, клуб со голема традиција, клуб кој е редовен учесник во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на моите тренери и дека еден ден ќе застанам на голот на првиот тим на Металург, како што тоа го правеше еден од најдобрите голмани во српската историја – Дарко Станиќ“, рече младиот Мијатовиќ.

Фото:

Прочитано 579 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 5