Топ Вести

Младиот тренер на Металург Алексо Лембанов во Будимпешта на тримесечно тренерско усовршување

08.03.2019 11:37
53607131_3514212137117_7676096749777190912_n_resize

Резултатите на младиот тренер на Металург Алексо Лембанов, кој го предводи пионерскиот тим на Металург, станаа една од причините тој да ја добие препораката на МОК, на РФМ и на тренерската организација на РФМ и да биде испратен  во Будимпешта на тримесечно тренерско усовршување.

Така, во периодот 18 март – 7 јуни 2019 година, ќе се одржи обука за тренери – ракомет, како дел од програмата на Универзитетот Семелвајз во Будимпешта, Унгарија, кој е овластен од страна на Меѓународниот олимписки комитет за обука и специјализација на стручните тренерски кадри по ракомет.

Сите финансиски трошоци поврзани со обуката во износ од околу 10.000 американски долари се обезбедени од страна на Македонскиот олимписки комитет.

Договорот е потпишан меѓу спортскиот директор на МОК Владимир Богоевски и ракометниот тренер предложен од страна на РФМ, Алексо Лембанов, а во присуство на претседателот на тренерската организација на РФМ, проф. д-р Гино Стрезовски.

Лембанов на крајот на обуката ќе полага испити односно писмен, усмен и/или практичен испит. Испитот ќе се полага пред Комисија за полагање на испит. Наставниот кадар ќе го сочинуват универзитетски професори, најдобрите унгарски специјалисти, квалификувани тренери, спортски научници и експерти од Унгарија, а поканети да одржат предавање ќе бидат и меѓународни експерти.

Пресреќен сум од добиената можност за моето тренерско усовршување. Им благодарам на МОК, на РФМ и на тренерската организација на РФМ за добиената шанса и ќе сторам се за да ја оправдам нивната доверба. Ова е навистина важен момент во мојот живот, кој ќе се одрази на целата моја понатамошна тренерска кариера“, вели Лембанов.

Фото:

533756_2270191093236259_1850919235702751232_n_resize 536031_3514212137117_7676096749777190912_n_resize

Прочитано 896 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4