Топ Вести

Младите ракометари и ракометарки на Металург се победници на првото издание на “Новогодишниот Скопје куп“

31.12.2018 11:47
48913056_332996410877242_8393183548919513088_n

Во изминатите три дена во организација на Академија Алушовски се одржа првото издание на “Новогодишниот Скопје куп“, за ракометари и ракометарки од генерацијата 2002/2003. Учествуваа 11 екипи, шест во машка и пет во женска конкуренција. Се играше во салата “Методи Митевски Брицо“, по принцип секој со секого, во две полувремиња од по 20 минути.

Во машка конкуренција настапиле екипите на РК Металург, РК Аеродром, РК Делчево, РК Еурофарм, РК Макалоски и РК Аеродром. Победник на турнирот е екиата на РК Металург, која ги совлада сите свои противници. Второто место му припадна на тимот на РК Аеродром, а третопласирана е екипата на РК Макалоски.

Поединечните награди им припаднаа на Сашко Манчески од тимот на Макалоски, кој е избран за најдобар играч на турнирот, на нашиот Предраг Мијатовиќ, кој е избран за најдобар голман на турнирот, и на Мирче Георгиев од РК Делчево, кој е најдобар стрелец на турнирот.

Во женска конкуренција настапиле екипите на ЖРК Металург, ЖРК Макалоски, ЖРК Куманово, ЖРК Деспина и на ЖРК Алушовски. И овде победници се девојките на ЖРК Металург, кои исто така ги совладаа сите свои противници. Второпласирана е екипата на ЖРК Деспина, а третопласирана е екипата на ЖРК Алушовски.

Поединечните награди им припаднаа на нашата Стефaни Софтовска, која е прогласена за најдобар играч на турнирот, на Марија Лазова од ЖРК Алушовски, која е избрана за најдобар голман, и на Ана Георгиевска од ЖРК Алушовски, која е најдобар стрелец н турнирот.

Фото “24Ракомет.мк“

Прочитано 147 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 12