МЛАДОСТА НА МЕТАЛУРГ 52 МИНУТИ ГО МАЧЕШЕ ЗАГРЕБ

09.03.2013 22:46
0000000000438703_resize

Металург го исполни своето ветување – не дигна бело знаме, без разлика на составот со кој настапи и во кој истакната улога одигра младиот Марко Нелоски (16). Цели 52 минути се мачеше комплетниот Загреб, вчудовиден од отпорот на младите ракометари на Металург, засилени со неколку ракометари од основниот состав на нашиот шампион.

Кога во 15. минута Загреб поведе со 7:4, многумина помислија дека Металург ги исцрпи своите сили. Кога, пак, во 24. минута Металург поведе со 8:9, видовме дузина вчудовидени лица на челниците на Загреб. Во 28. минута бевме на прагот на првокласна сензација, кога поведовме со резултат 9:12. Сепак, направивме две грешки и дозволивме полувремето да заврши со наша минимална предност, 11:12.

Во второто полувреме Загреб ги вложи сите сили за да ја разбие дрската чета на Металург. Загреб го поврати водството во 35. минута (13:12), ама уште 17 минути мораше да бие вистинска битка за да ги освои трите денешни бода. Во последните осум минути Металург ја загуби концентрацијата и му дозволи на противникот да дојде до вредна победа. Поразот од шест гола разлика не ја дава вистинската слика од денешните настани. Металург денеска не заслужи таков пораз.

Нова одлична партија на Давид Коражија, кој дури по својот 11 гол во дресот на Металург си дозволи и еден неуспешен напад. Една од причините за денешниот пораз е слабиот учинок на нашите голмани, кои заедно имаа неверојатни две одбрани, додека противничкиот голмански двоец собра солидни 12 одбрани.

DSC_0136_resize2_resizeМеѓутоа, натпреварот, играта и резултатот паднаа во сенката на учинокот на едно голобрадо 16-годишно момче, Марко Нелоски, кој во манир на врвен светски стрелец го изрешети голот на Загреб и беше нашиот најдобар реализатор, со шест постигнати гола, сите од игра. Марко го надвиси дури и екстра-талентираниот и шест години постар десен бек на Загреб, Лука Степанчиќ (22).

Настапија сите наши јуниори и оставија одличен впечаток, потврдувајќи го нашето тврдење дека иднината на Металург е во рацете на една млада генерација, која веќе тропа на вратите на првиот тим.

И покрај поразот, ретко кој може да биде незадоволен од денешното издание на Металург.

КО Загреб – РК Металург 25:19 (11:12)

Загреб: Ивиќ (8 одбрани), Стевановиќ (4 одбрани), Мариќ 1, Брозовиќ 1, Степанчиќ 5, Матулиќ, Шпрем 5, Шпилер, Шебетиќ, Батиновиќ, Хорват 7 (1), Ј.Валчиќ 2, Сршен, Т.Валчиќ 2 и Мандалиниќ 2. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 минути.

Металург: Ангелов (1 одбрана), Митревски (1 одбрана), Левов 3, Борј. Маџовски, Талески, Наумовски, Георгиевски 1, Манасков, Нелоски 6, З. Мојсоски 1, Бој. Маџовски, Батиновиќ 2, Мандиќ 1, Пешевски и Коражија 5 (1). Седмерци: 1/1. Исклучувања: 2 минути.

 

Фотогалерија: извор Sportnet.hr и Vecernji list

Фотогалерија од нашите младинци кои настапија денес:

Прочитано 2.638 пати

(10) Коментари

  1. bravo za decava i za Marko osobeno. Mozhebi trebashe malce povekje da dobijat minutazha i ostanatite vo napadot (nekoi kolku shto zabelezhav igraa samo odbrana), no od druga strana razbirliva mi e i pretpazlivosta na trenerot. Inaku slab den na golmenite, da ne recham uzhasen. da odbranea neshto mechot kje beshe do kraj neizvesen. 10-te % se mnogu loshi.

    Srekjno vo chetvrtok.

  2. Малиов ме импресионираше, да не ја знаев неговата восраст ќе претпоставев дека има бар 22, 23 години. Навистина е многу зрел и храбар и шутира без двоумење, што во иднина може да значи само едно – Марко ќе биде нов лидер на Македонија за некоја година. п.с. Порака до Металург, пуштајте ги децава почесто да играат ем постарите ќе одморат ем Марко и другарите ќе продолжат да созреваат/ јас би го пуштил истиов состав и со Вардар да игра. позз

  3. А да влезе во првиот тим Нелоски наместо Мандиќ ??
    Веќе се забележува дека кај Мандиќ е потребно повеќе работа,не е на потребното ниво,додека Нелоски покажа уште на првата укажана шанса дека е амбициозен и способен.

  4. Neloski in , Mandic out.

    Ne go razbiram angazmanot na Mandic.

    • Јас искрено не го разбирам ни ангажмант на Додер и Батиновиц кога Металург го имаше квалитетниот Стојчевски али последната е на Червар и на крајот на денот со неколку погрешни но и со многу исправни негови потези Металург прерасна во балканси гигант.

  5. Koga ima podobar igrac vo mladiskiot pogon.

  6. Браво за младите. Одамна немам видено ваква борбеност.

  7. bravo za decata me voodusevija,bravo za trenerot pokaza zrelost i drskost gi stavi site vo igra i tie vratija so dobra igra.znaci mladi igraci ,mlad trener dobitna kombinacija za idnina

  8. Браво за Марко Нелоски и останатите од подмладокот. Вистински потег во вистинско време. СЕХА Лигата е правото место за калење на младите. Инаку настаните од минатата година во СЕХА Лигата се најдобар доказ дека пласманот на првите четири не игра пресудна улога во фајнал-форот. Четвртопласираната екипа минатата година го освои првиот трон во СЕХА Лигата. Успех во Минск. Ќе Ве бодриме во Скопје. Честитки и поздрав!

  9. Marko e sin na Zarko Neloski poranesen rakometar na RK Struga…. Struga i natamu e izvor na rakometari iako e osamena vo pogled na bilo kava pomos…eve i Kosteski zamina za Metalurg..
    Pomislete se i pomognete i na Struga,

Напишете коментар


6 + = 12