Топ Вести

МЛАДОСТА НА МЕТАЛУРГ ДОБИВА КАРАКТЕР

07.02.2015 21:54
AND_9139_resize

za tekst

Убаво беше денеска да се биде во СЦ Борис Трајковски. Прв натпревар на младиот Металург, последен на генијалниот Вугринец и Војводина, како противник по мерка.

Првото полувреме помина во знакот на гостинската екипа, која ја искористи имресионираноста на нашите млади ракометари и брзо стекна убедливо водство. Кај нашите ракометари се чувствуваше почетничката трема, одговорноста за идниот резултат на сега нивниот Металург. Искусниот состав на двојниот српски шампион до крајот на првиот дел создаде комотно водство од шест гола, 11:17, и во тој момент малку кој очекуваше било што друго освен висок пораз на Металург.

Но, така не мислеа нашите млади ракометари. Вториот дел помина во целосна доминација на Металург, чии ракометари ја зголемија агресивноста на својата игра, одиграа многу поборбено и го надиграа противникот. Пресуден беше периодот од 47-та до 56-тата минути, кога при резултат 20:25, нашите младинци направија серија од 5:0 и го израмнија резултатот, што доведе до експлозија во нашата најголема спортска сала. Во последните триесетина секунди имавме и напад за победа, но не успеавме да го реализираме, исто како и противникот во последните десетина секунди.

Ренато Вугринец, кој го одигра последниот натпревар за Металург, денеска беше вистински предводник и постигна 9 гола. По завршувањето на средбата доживеа вистински овации, кои ги заслужи во полна мера.

Главни виновници на големиот пресврт беа нашиот голман Митревски, кој одбрани се, кога тоа требаше, и младиот Костески, кој постигна шест гола од исто толку обиди.

Металург – Војводина  26:26 (11:17)

Металург: Митревски (11 одбрани + 2 седмерци), Мисовски (2 одбрани), Ојлески, Бој.Маџовски 1/1, Костески 6/6, М.Манасков, Кукоски, Нелоски 2/4, Крстевски, Борј.Маџовски 1/1, Талески 4/9, Велковски, Пешевски 3/4, Џукиќ 0/1 и Вугринец 9/11.     Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 4 минути.

Војводина: Коциќ (8 одбрани), Л.Арсениќ, Живковиќ, Орбовиќ, Тодоровиќ, Елезовиќ, Марјановиќ, Смилјаниќ, Јовановиќ, Лазовиќ, Н.Арсениќ, Николиќ, Дениќ, Станковиќ, Датукашвили и Чурковиќ.      Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 10 минути.

Прочитано 5.466 пати

(8) Коментари

  1. bravo mladi momci pokazavte i dokazavte deka ste dobar tim samo napred

  2. Секоја чест на Вугринец , но, Костески, како и при настапите на Металург Јуниор, уште еднаш докажа дека Ивица Обрван направи голема грешка што не го повика во Катар.
    Само напред мајсторче

  3. Bravo za decata. Pokazavte deka znaete da igrate rakomet.

    Sega treba uste Minco da e pameten i da gi zadrzi ovie biseri.

    Da go odvrze keseto zasto i ovie vonzemjancinja ke gi izgubi.

  4. tragedija!! samo vugrinec dostoinstveno se zboguva so timot i publikata

  5. Браво момчиња, докажавте дека не е се во парите, покрај нив треба да се има и срце!

  6. Bravo za mladosta na Metalurg, samo napred.GENIJALNIOT Vugrinec dokaza deka e vonseriski igrac a pred se covek so toa sto go izigra ovoj natprevar za publikata pred se, da igras so deca na koj mozes da im bides tatko pokazuva samo kolkava e negovata gomlemina. SO SREKA Vugi kade i da odis i sto i da pravis vo zivotot ponataka, i posakuvam eden den da se vratis vo Makedonija i svoeto iskustvo da go preneses na nekoj novi klinci.
    P.S.dali vo Metalurg i vo Makedonija nekoj ima pamet da ne dozvoli vaka golem sportist da si zamine zasekogas?

  7. Едно големо, огромно браво за дечките, феноменално изиграа. Само напред кон нови победи и поголеми успеси. Капа доле, поклон, аплауз за Вугринец, го знаеме сите, мислам дека малку би било што и да кажам. Не му се оди, му се познава на лик, го сака тимот, ја сака Македонија. Задржете го!
    Убаво беше да се гледа натпреварот во Саботата, да се слушне Лино како ги бодри дечките, им кажува да не се плашат, да се опуштат, да шутираат. Да се види Вуги како им покажува што да направат и каде да застанат. Да се слушне една млада девојка како 60 минути го надвикува разгласот па дури и Пиратите.
    Потоа Пиратите, кои искрено очекував да бидат во полн состав, но ајде ете дојдоа. Банерот со Жути и експлозивното навивање и бодрење кон крајот на натпреварот. Вуги кренат на раце и поздравен како што треба секој еден спортист да биде поздравен.

    Кога си отидоа странците беше тешко да, но ајде не се “наши” па некако поминавме преку тоа. Ќе фалат Жути, Мојсо, Џомба, Деки, Ване, Ацо, Велко, сите кои заминаа. Им посакувам успех каде и да одат и секако, што поскоро да ни се вратат во плаво-бело.
    Спортски поздрав и се гледаме на трибини.

  8. Posle Kometal ova ni e ftoro razocaruvanje No se nadevam deka ovie mladi Makedoncinja za kratko vreme ke ne napravat da bideme gordi Makedonci.Siguren sum vo toa deka primarius Lino zaedno so golobradive decinja,a mozebi i nekoj od starive volci ke se vrati ke ukomponiraat eden nov Metalurg i sekoj vikend ke ni go napravat interesen da sedime pred TV ekranite. Samo napred i glavata gore.

Напишете коментар


4 − = 2