Многу посилен отпор на македонските кадети во вториот меч против Унгарија

21.06.2018 11:43
3

Македонската машка кадетска репрезентација (ракометари до 18 години) ја загубија и третата средба на турнејата во Унгарија. Денеска повторно загубивме од силната селекција на Унгарија, но пруживме далеку посилен отпор отколку на вчерашниот натпревар.

Македонија загуби со прифатливи 33:30 (19:13), во меч во кој решавачка беше играта во првото полувреме, кое го загубивме со 6 голови разлика. Второто полувреме мина во знакот на Македонија и го добивме со 3 гола разлика, но недоволни за целосен резултатски пресврт.

Со овој натпревар завршија обврските на нашата репрезентација во Унгарија и таа ќе се пресели во Романија, каде ќе биде дел од меѓународен турнир и каде ќе се сретне со соодветните селекции на Холандија, Италија и на Романија. По овие натпревари, ќе продолжат подготовките за ЕХФ Шампионатот што во август ќе се игра во Тбилиси во Грузија.

.

Унгарија – Македонија  33:30 (19:13)

Македонија: Солев, Петковски, Василевски, Крстаноски, Гучевски 2, Џигероски 3, Кондев 2, Ќосески 4, Божиновски , Митиќ 3, Ангелковски, Каковски, Симоновски , Ристовски 9, Серафимов, Карапалевски 3, Костески 2, Ѓорѓиев 2.   Седмерци: 10/11, Исклучувања: 14 мин.

Прочитано 163 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 2