МОЈСОВСКИ, МИРКУЛОВСКИ И СТАНИЌ ЌЕ ПРОДАВААТ БИЛЕТИ ВО „TOBACCO“

20.09.2012 22:54
DSC_0043_resize6

Металург подготвува изненадување за своите фанови по повод стартот на продажбата на билетите за натпреварите во Лигата на шампионите. Нашите ракометни ѕвезди Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Дарко Станиќ, Ванчо Димовски…. ќе се најдат во улога на продавачи во продажниот салон на „Tobacco“ што се наоѓа на плоштадот „Пела“, во центарот на Скопје.

Сите наши фанови што сакаат да се фотографираат со нашите ракометари, да добијат билети со автограм од Мојсо, Жути, Дарко, Ванчо, Диви и да се дружат со нив ги каниме да дојдат во салонот на „Tobacco“ на плоштадот „Пела“ (во непосредна близина на триумфалната порта), на 22.9.2012 година (сабота), во 12 часот.

Најсреќните ќе добијат маичка и постер од Металург.

Спортски поздрав,

Ракометен клуб Металург

Фото:

Прочитано 1.485 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1