Топ Вести
Мотор Запорожје го промовираше Жарко Пешевски: Металург засекогаш ќе остане во моето срце
12.07.2018 14:31

Жарко Пешевски, кој во Металург мина 16 години, односно ја мина целата своја досегашна кариера, е промовиран во својот нов клуб – украинскиот Мотор Запорожје.
Мотор го претстави Жарко како големо засилување и ги наброја сите негови досегашни достигнувања.
Самиот Пешевски уште еднаш ја нагласи својата приврзаност кон Металург и во својата прва изјава за новиот клуб вели: “Металург засекогаш ќе остане во моето срце, но дојде време да направам нов чекор во кариерата. Се надевам дека следната сезона ќе биде успешна, како и претходната“.
.