На Медитеранските игри во Атина, Македонија загуби од Хрватска

18.02.2020 20:38
Capture

Кадетската репрезентација на Македонија ја загуби и втората денешна средба на Медитеранските игри во Атина.

Селекцијата на Хрватска ја совлада Македонија со резултат 21:18 (7:6, 7:6, 7:6).

Македонија одигра три израмнети третини, кои ги загуби со идентичен резултат, 6:7.

Најдобар кај Македонија беше Димовски со шест гола, а Чакалиќ заврши со четири.

Утре избраниците на Никола Матлиески ќе ги одиграат последните две средби од групната фаза, најпрво со Црна Гора во 11 часот, а потоа и со Турција во 16 часот.

Прочитано 278 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 6