Топ Вести

На состанокот на Извршната комисија на ЕХФ во Глазгов ќе се решава за апликацијата на Металург

06.06.2018 15:54
DAR_0963_resize_resize

Металург и оваа година побара вајлд-карта за учество во Лигата на шампионите.

За нашата, како и за апликациите на сите други заинтересирани екипи, ќе се решава на состанокот на Извршната комисија на ЕХФ, што ќе се одржи на 18 јуни во Глазгов (Шкотска).

На овој состанок ќе биде решен конечниот список на учесници во Лигата на шампионите за сезона 2018/19.

Како и секоја година, за одобрување на вајлд-картата ќе решаваат повеќе фактори: големина на сала, посетеност, маркетиншка покриеност, ТВ-преноси, квалитет на екипата, пласман во националното првенство, успеси во претходните настапи во Лигата на шампионите и др.

Ждрепката за групите ќе се изврши на 29 јуни.

Прочитано 290 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 1 =