Најмладите металурзи меѓу најдобрите на досегашните подготовки на Металург

13.08.2019 22:04
69112843_2334714083286983_4500926577164419072_n

Заедно со првиот тим на Металург, напорните подготовки ги минаа и тројцата млади ракометари на Металург 2 – десниот бек Димитар Ристовски, десното крило Димитар Михајлов и левото крило Дарио Кофилоски. Иако најмлади, тие ги издржаа сите предизвици и оставија одличен впечаток кај стручниот штаб на нашиот тим. Двајца од нив, Ристовски и Кофилоски, ќе бидат и дел од Металург на турнирот во Чехово, додека Михајлов, кој подоцна се приклучи, ќе остане во Скопје, поради немање на виза.

Уште еден доказ дека Металург нема зошто да се плаши за својата иднина се тројцата ракометари на Металург 2, десниот бек Димитар Ристовски, десното крило Димитар Михајлов и левото крило Дарио Кофилоски, кои,  со првиот тим на Металург, беа дел од подготовките на Копаоник . Стручниот штаб е задоволен од нивната дисциплина, нивното залагање и одговорот на обврските на тренинзите. Тројцата ракометари се само дел од многубројната армија млади играчи на РК Металург во сите категории“, вели претседателката на Металург Зорица Блажевска.

По 21 август сите тројца ќе му се вратат на Металург 2 и ќе ги продолжат подготовките со овој наш ракометен колектив.

Прочитано 620 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 6