НАШИ РЕАКЦИИ ПО ПОВОД ДЕНЕШНАТА ЖДРЕПКА

03.07.2012 13:39
291696_338566956219292_931333700_o

Наши реакции, по повод денешната ждрепка.

Ристо Чокрев, претседател на РК Металург: “Лично очекував да имаме полесна ждрепка, па дури и да играме само бараж дуел. Меѓутоа, очигледно е дека и во нашиот трет последователен обид ќе мораме да одиграме турнир со сериозни противници. Металург е поквалитетна екипа од сите противници во групата, но искуството кажува дека на ваквите турнири одлучуваат и други елементи. Овие турнири секогаш се играат на самиот почеток од сезоната кога подготовките се во завршна фаза но екипите се сепак без оној вообичаен натпреварувачки ритам, што особено е изразено токму кај поквалитетните тимови. Најмногу загрижува фактот што турнирот се игра во Норвешка каде Хаслум, нашиот лански противник, може да биде особено опасен. Сепак, јас сум оптимист“.

Ванчо Димовски, капитен на РК Металург: “Ждрепката можеше да биде и многу подобра, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. И во третиот последователен обид осудени сме да патуваме и турнирот да го играме на теренот на еден од противниците. Не смееме да потцениме ниту еден од нашите идни ривали и секоја средба мораме да ја играме на највисоко ниво. Нашиот прв противник, австриската екипа Алпла, е помалку атрактивно име во европскиот ракомет но сигурен сум дека се работи за добар тим кој ќе мораме сериозно да го сфатиме. Оваа екипа во својата историја има настап и во групната фаза на ЛШ. Во финалниот натпревар не очекува многу поквалитетен противник, без разлика дали тоа ќе биде Хаслум или Динамо Полтава. Хаслум е непријатен противник во што се уверивме минатата година а сега и додатно мотивиран поради домашниот терен. Динамо Полтава е овогодишен хит во силното првенство на Украина и не е нималку наивна екипа. Нам ни преостанува добро да се подготвиме и мотивирано да влеземе во секој натпревар. Особено е важно да сме внимателни во текот на целиот натпревар, полуфинален и финален. Сепак, ние сме поквалитетна екипа и лично очекувам пласман во ЛШ“.

Прочитано 747 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 7 =