НАТПРЕВАРИТЕ МЕЃУ МЕТАЛУРГ И ВАРДАР, ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ЌЕ БИДАТ ПОД СПЕЦИЈАЛНА БЕЗБЕДНОСНА КОНТРОЛА НА ЕХФ

05.11.2013 14:26
AND_2799_resize

za tekst

Претстојните дуели во Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Вардар, ќе бидат под специјална безбедносна контрола на ЕХФ. Овие две средби, кои ЕХФ ги нарече историски, бидејќи првпат играат екипи од ист град, ќе бидат контролирани од специјален делегат за безбедност, Белгиецот Клаус Дитер Конвенц.

Дописот од ЕХФ ви го пренесуваме во целост.

Почитувани пријатели,

Се наоѓаме на две седмици до историските натпревари во организација на ЕХФ. Првпат во историјата на Лигата на шампионите имаме два тима од ист град.

Првиот натпревар меѓу Металург и Вардар, во елитното европско натпреварување, на 14 ноември, не само што го покажува напредокот на македонскиот ракомет во последните неколку години туку е и вистински сигнал за позитивниот напредок во организацијата на натпреварите во Македонија, особено во Скопје. Дека ваквата ситуација исклучително ја цени ЕХФ покажа во почетокот на сезоната, кога му додели вајлд-карта на Металург, во конкуренција на голем број кандидати од цела Европа.

Сигурно е дека двата натпревара меѓу Металург и Вардар, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе бидат уште еден блесок на македонскиот ракомет.

Во обид да се продолжат и задржат извонредните впечатоци од извонредно организираните натпревари на врвно европско ниво во Скопје, ЕХФ сака да им даде несебична поддршка и помош на организаторите во Скопје, за да се пренесе феноменалната атмосфера од СЦ „Борис Трајковски“ во преостанатиот дел од Европа. Од тие причини ние почнуваме интензивна комуникација со двата клуба, која ќе трае до завршувањето на вториот натпревар, на 24 ноември.

Поради тие причини, ЕХФ реши за двата меча да делегира специјален делегат за безбедност, а тоа ќе биде Клаус Дитер Конвенц од Белгија, кој има големо искуство од слични натпревари на највисоко европско ниво и е човек што ќе може да им асистира на организаторите во поглед на безбедноста на навивачите, во и надвор од арената. Тоа подразбира не само безбедност на „обичните“ гледачи туку и на навивачките групи на двата тима, бидејќи првпат имаме ситуација кога гостинските навивачи се практично на домашен терен.

Од друга страна, ЕХФ истакна дека има полна доверба во организациската способност на двата клуба, во соработка со федерацијата и со локалните власти, но не смееме да заборавиме дека овие натпревари се сепак дел од ЕХФ Лигата на шампионите и дека подлежат на пропишаните регулативи и пропозиции. До толку повеќе што натпреварите во Скопје ќе имаат силен одек во Европа и ќе бидат пренесувани во живо, при што огромен број љубители на ракометот ќе бидат заинтересирани не само за спортскиот резултат туку и за феноменалната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“.

Сумирајќи ги сите детали, сигурни сме дека сите вклучени страни во овие натпревари во Скопје се свесни за нивното значење, а уште повеќе веруваме дека се свесни дека Скопје во моментот е значајна точка во врвниот клупски ракомет и затоа сите луѓе што се вклучени во организацијата мораат да ја преземат сета лична одговорност за време на натпреварите.

Господинот Конвенц, во улога на безбедносен делегат на ЕХФ, ќе биде во постојан контакт и ќе мора да му биде овозможена поддршка и целосна соработка за сите прашања, од неговото доаѓање се до неговото заминување од Скопје. Ве молиме да му ги обезбедите сите потребни информации што ќе ги побара и да се создаде позитивна атмосфера на соработка, во обид да се заштити извонредно позитивната слика на македонскиот ракомет во овој момент.

Поздрав,

Маркус Глазер

Натпреварувачка комисија на ЕХФ

 

Прочитано 4.134 пати

(8) Коментари

  1. Kulturno kazuvaat deka seuste nemaat celosna doverba vo site nas: gledaci, navivaci, klubovi, federacija… Dali ima vakvi kontrolori koga igraat Hamburg i Kil vo LS? Ne se od ist grad ama se daleku 90km sto za germanski uslovi e isto kako da se od ist grad.

  2. Kako i poveketo navivaci se plasam deka natprevarot moze da bide nebezbeden i pretvoren vo nesto sto nikoj od nas ne posakuva.Megju komitite veke se zboruva i postoi dogovor da GI KUPUVAAT KARTITE ZAD GOLOT(onie koi ostanaa neprodadeni za sezonski bileti) i verojatno nema da se pridrzuvaat do toa da gi prifatat samo onie karti sto Metalurg ke im gi dodeli.Vo takva situacija koga na tribina bi se nasle pomesani fanovi od dvata kluba bi nastanal opst haos,ne znam dali ste vo moznost da sprecite takvo nesto.Se nadevam deka komitite nema da uspeat da go narusat mirot i bezbednosta vo salata,zosto znaeme deka kaznite od EHF se golemi,a najmalku vo momentot vi se potrebni takvi problemi.Zalno e sto vo vakvi momenti namesto da se raduvame na vakvo golemo makedonsko derbi i da se koncentrirame na natprevarot,nie razmisluvame za toa sto moze da se slucuva na tribinite i nadvor od terenot.Posakuvam se da pomine vo najdobar red.

    • Neka dade metalurg organizirano da se otkupat dovolno karti vo blokovite nameneti za navivaci i resen problem.

    • Nemoj da prejudiciras koj e potencijalna zakana za bezbednosta vo salata!! Vardar izigra dva derbi natprevari doma protiv Barsa i PSG i nemase nikakov ispad od tribinite, a ako bese vo sala koga igrase Metalurg protiv PSG ke ti tekne sto se letase od tribini i kako eden od “ljubitelite” na rakometot koj sedese vo prv red vo M13 trgna da go tepa delegatot pa imase i prekin na natprevarot. Odgovornosta e kaj sekoj sto e na tribinite vo sala!!

    • Ne se i Komitite tolku glupavi i naivni da napravat incident pa da strada nivniot klub… Moze toa go pravat vo domasno prvensto ili kupot ama toa e zatoa sto im se dozvoluva toa i posto i drugite kako Metalurg, Pelister, Strumica itn. gi pravat istite pritisoci! Inace bev na site 4 mecevi na Vardar i Metalurg ovaa sezona vo liga na sampioni i mozam da kazam deka Vardar bese odlicen domakin, dodeka na mecot megju Metalurg i PSG ne bese se taka rozovo i so eden zbor toa e makedonskiot temperament samo mora istiot da go nasocime pozitivno, a toa deka ovie bile ili drugite polosi ne drzi voda posto vo takvi guzvi dovolno e samo eden poedinec za incident, a dobro znaeme deka sekade gi ima takvite ne samo megju navivacite na Vardar, Metalurg, Pelister ili nezz koj drug!

  3. NA POCITUVANITE GOSPODA IM SMETA SHTO OD NEKOJA SI ZEMJA,MAKEDONIJA,IMA KVALITETNI KLUBOVI KOJ MOZE DA IM STANAT KONKURENCIJA,PA ZATOA USHTE SEGA NI PRAKAAT PORAKA,DEKA NEMA SHANSI NIE DA IM GI POMESHAME NIVNITE SMETKI,PA ZATOA SE KE NAPRAVAT SAMO I SAMO DA NE IM ZASTANEME NA NIVNIOT PAT,PA ZATOA KE NI ISPRAKAAT NEKAKVI SI INSPEKTORI…DALI E TAKA SEKADE:U GERMANIJA,SPANIJA,DANSKA …..NA VARDAR I METALURG IM OSTANUVA SAMO SO ODLICNA IGRA I DOBRI REZULTATI DEKA NISHTO NEMA DA NE SOPRE I DA IM DOKAZEME DEKA SME SILNA RAKOMETNA NACIJA,,,NAPRED VARDAR I METALURG,NAPRED MAKEDONIJA….

  4. znaete sto e najtragicno nekoj gospodin konovec toj taka narecen ,,STRUCNJAK” za rakomet od tolku jaka rakometna velesila za rakomet kako belgija dojde ovde kaj nas da ni drzi predavajna za rakomet i eticko odnesuvajne

  5. Pocituvani

    Da im pokazeme na cela evropa deka kaj nas rakometot se saka i pocituva i da ne digame tenzii bez potreba,bidejci se nadevam deka i dvata natprevari ce pominat vo najdobar red,kako i site predhodno odigrani vo Boris Trajkovski,kako na terenot taka i na tribinite.Pri vakva sostojba na tabelata vo nasata grupa,najmalku sto e potrebno i na dvata nasi kluba e nekakva si kazna od EHF poradi neredi na tribinite.

Напишете коментар


3 + 5 =