НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ: ИМ БЛАГОДАРАМ НА МОИТЕ ФАНОВИ И ПРИЈАТЕЛИ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ПОДДРШКА. ФОТО

21.12.2013 15:48
photo 1_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Успешно заврши операцијата врз коленото на македонскиот ракометен ас Наумче Мојсовски. Лекарскиот тим на чело со д-р Шенк задоволен е од тоа како се одвивала операцијата и се надева дека Мојсовски во скоро време повторно ќе го предводи Металург и македонската репрезентација.

– Голема благодарност до медицинскиот тим и д-р Шенк за одлично изведениот оперативен зафат. Докторот ме извести дека операцијата минала во најдобар ред, а и јас се чувствувам одлично. Синоќа ме оперираа, а веќе денеска почнав да се движам со помош на патерици и да работам основни физички вежби. Очекувам дека брзо ќе се опоравам и ќе се вратам посилен од кога и да било. Им благодарам на сите мои фанови и пријатели за безрезервната поддршка која ми ја даваат, изјави Наумче Мојсовски од болницата во Австрија.

Мојсовски кон Скопје ќе тргне утре или најкасно заутре.

Фото:

Прочитано 7.648 пати

(9) Коментари

  1. dobro pomina i toa sto da se pravi nekogas od pisanoto ne se bega ,no ti si dobil mnogu bitki ke ja dobies i ovaa i so gospod napred pak na teren MOJSO ziva legendo.

  2. bravos za najhrabriot! pobrzo oporavuvanje…

  3. Со тебе сме Наумче од кобниот момент, со тебе ќе бидеме и понатаму. Јако момче си ти, и физички и ментално и јуначки ќе го издржиш тешкиот процес на рехабилитација. Те чекаме уште посилен и подобар.

  4. Velat:”ne e strasno da padnes strasno e da ne stanes!”- ti stana i veke se spremas za novi bitki, i pobedi.
    Odsekogas so godini nanazat na mene i mojata familija si ni fan, te chustvuvame kako del od nasiot zivot, bidejki si iskren,,nesebicen, borben do kraj,optimista i pozrtvuvan i za ekipata i za tatkovinata i za tvoite simpatizeri.
    Ti posakuvame brzo i uspesno da zakrepnes-i pak da ne raduvas so tvoite inzvoredni golovi!!!
    Golem Pozdrav

  5. Побрзо да оздравиш … имам чувство како за брат

  6. Ти посакувам брзо и успешно закрепнување, во најскоро време да се вратиш на теренот уште подобар да навиваме за твоите голови и да се радуваме на нови успеси !!!

  7. Ajde Naumce, site veruvame vo tebe, site sme so tebe! Vrati se podobar i posilen od porano!

  8. Naumece, se nadevam deka denesnite oci polni so solzi na mnogu fanovi,a mora da priznam deka vo momentot moive oci se polni solzi po tebe eden den ke gi pretvoris vo bleskost od sreka so tvoeto fenomenalno vrakanje na terenot,pozdarav

  9. ajde be naumce frli gi to stakite i aj na teren pozdrav od tito poz od site prilepcani

Напишете коментар


− 1 = 6