НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊАТА НА НАШИТЕ ФАНОВИ

17.04.2013 17:00
556040_584967368181124_1818792872_n

za tekst

Стотици прашања адресирани до Наумче Мојсовски испратија нашите читатели во рамките на акцијата „Металург ве води на натпреварот со Киелце“. Имавме навистина тешка задача да ги одбереме петте најдобри и најоригинални.

Еве ги наградените прашања и одговорите на Наумче Мојсовски.

Благоја Ристовски (Тетово): Секоја личност има свои идеали и соништа. Дали си верувал или сонувал дека ќе бидеш тоа што си сега и ќе го постигнеш тоа што си го постигнал во ракометот?

Наумче Мојсовски: Секој спортист и човек има своја цел во животот, но, да бидам искрен, не мислев дека ќе го постигнам тоа што го имам сега. Во детството тренирав повеќе спортови, но некако се пронајдов во ракометот и мислам дека не погрешив.

Катерина Кајсторовска (Скопје): Зад себе имаш многу ракометни искуства. Кои моменти на спортскиот терен ќе ти останат во најдлабоки сеќавања?

Наумче Мојсовски: Има повеќе такви моменти, но сепак би ги издвоил следните три: пласманот со екипата на Пелистер во финалето на Челинџ-купот во 2001 година, петтото место со нашата национална селекција на ЕП 2012 во Србија и, секако, успехот на Металург, со пласманот меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите, каде што оваа сезона сум трет стрелец.

Ивана Јовановска (Агино Село, Куманово): Што е тоа што најмногу те мотивира и дали имаш посебни ритуали пред натпреварот?

Наумче Мојсовски: Искрено, немам некој посебен ритуал пред натпревар, но имам една посебна маичка, за која мислам дека ми носи среќа. Ме мотивираат обични работи, контактите со луѓето што ме среќаваат на улица, во маркет, во ресторан и сл. Можам да ја почувствувам нивната поддршка.

Елена Бисероска (Прилеп): Која е твојата стратегија за справување со неправедна судиска одлука во текот на натпреварот? Има ли некакво „броење до десет и назад“?

Наумче Мојсовски: Па, добро, ако се работи за една-две одлуки, ќе избројам до десет, но ако продолжат тенденциозно да ме крадат, тогаш тешко се воздржувам и редовно влегувам во мали расправии со судиите.

Даниел Келесовски (Битола): Прерасна во еден од најдобрите играчи во Европа, а екипи со светско реноме се плашат од твоето име. Одлично се вклопи во величествениот Металург. Каде се границите на Наумче и на Металург? Дали Наумче верува дека со своите колеги од Металург може да го крене пехарот во Келн?

Наумче Мојсовски: Секако дека верувам. Тоа го покажаа резултатите што ги постигнуваме оваа и минатата сезона. Можеме да се справиме со секоја европска екипа, а со малку среќа, преку Киелце, можеме да се пласираме меѓу најдобрите четири. А таму сѐ е можно.

Авторите на петте поставени прашања Металург ги наградува со по две влезници за натпреварот Металург – Киелце, кој се игра в недела, 21 април, во 17 часот.

Прочитано 1.507 пати

(1) Коментар

  1. mnogu si dobar mojso

Напишете коментар


+ 2 = 4