НАВИВАЈ ЗА МЕТАЛУРГ – ПОМОГНИ МУ НА БОРО

15.10.2012 22:46
576480_373493586059962_1403329765_n

Металург продолжува со успесите во ракометна Европа и со право можеме да кажеме дека прераснува во кошмар за сите противници во групата Ц од Лигата на шампионите.

Но исто така Металург не заборава на оние на кои помошта им е најпотребна. Еден од нив е Боро. Младо момче од населбата Аеродром, кое е во почетокот од својот живот и кое имаше тешка несреќа.

Ракометниот клуб Металург продолжува со хуманитарните акции што ги реализира со средствата собрани од продажбата на влезници на натпреварите во организација на СЕХА-регионалната лига.

Оваа сезона почнуваме со натпреварот против екипата на Ловќен од Цетиње (Црна Гора), кој се игра во „Автокоманда“, на 17.10.2012 година (среда), во 18 часот.

Средствата собрани од продажбата на влезниците на натпреварот со Ловќен ќе бидат искористени за лекување на нашиот другар, пријател, сосед и сограѓанин Боро Стајиќ.

Тоа што ние, како општествено одговорен спортски колектив, можеме да го сториме е да ве повикаме сите заедно да му помогнеме на Боро, на кој во овој момент навистина му е потребна нашата поддршка.

Партнери на Металург и оваа година се дневниот весник „Нова Македонија“, ортопедската куќа BAUERFEIND, естрадниот магазин „Бекстејџ“ и спортското радио Канал 4 107,4.

РК МЕТАЛУРГ – РК ЛОВЌЕН ЦЕТИЊЕ (Црна Гора)

17.10.2012 година (среда), почеток: 18 часот

Сала „Автокоманда“, цена: 50 денари

Продажба на билети на касата во салата „Автокоманда“

 

Спортски поздрав,

РК Металург Скопје

Прочитано 513 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 1