НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ – ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ ГИ ПРОМОВИРАМЕ “ВИНОТО НА МЕТАЛУРГ“ И НАШИОТ НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР

21.12.2013 00:16
1390699_10151935959053101_1356475155_n_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Не заборавајте, денеска ги промовираме “Виното на Металург“ и нашиот Новогодишен календар. Промоцијата ќе биде пред хипермаркетот на Карфур, во Скопје Сити Мол.

Ќе  имаме убава можност да си ги честитаме Новогодишните и Божиќните празници, а сите присутни ќе добијат календари и новогодишни честитки со потписи на нашите ракометни ѕвезди.

Воедно, со промоцијата ќе биде означен и почетокот на продажбата на ограничена количина на “Виното на Металург“ во хипермаркетот на Карфур. Токму во овој хипермаркет ексклузивно ќе се продава нашето вино, за време на новогодишните празници.

Промоцијата ќе трае од 11 до 16 часот, а нашите ракометари ќе бидат на располагање од 12.30 до 13.30 часот.

Дојдете на уште една средба со Металург, ние нестрпливо ве очекуваме.

РК Металург.

Фото:

Прочитано 1.922 пати

(2) Коментари

  1. Браво за Металург. Продолзете вака ,не е се до ракометот, имате супер организација…

  2. Да ве прашам дали има останати календари.

Напишете коментар


9 − 4 =