НЕБУЛОЗИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ…

17.05.2012 12:09
1.Team logo 2_resize

Јасно е дека ракометниот влог што не очекува во идните десетина дена е голем. Во прашање е титулата во домашното првенство и претходно Куп пресметката. Се зголемуваат тензиите кои постепено имаат за цел овие натпревари да ги изедначат со појмот војна. Веќе не се бираат и средства и се што може да биде искористено…се користи. Последното од арсеналот на “специјалната војна“ е небулозното тврдење дека Металург испратил барање до одделението на МВР за странци, за да се изврши проверка на странските играчи кои настапуваат во Вардар.

Вардар како и Металург и како и секој друг спортски клуб кој во своите редови имаат странски ракометари, кошаркари, фудбалери и друго, точно знаат дека се работи за редовни контроли кои се обавуваат секоја година. Истата комисија пред да дојде во Вардар помина и во Металург, а ќе помине и следната и пак следната година. Тоа е всушност и задача на тоа одделение на МВР.

Апелираме до нашите симпатизери да ја сочуваат ладнокрвноста, да не подлегнуваат на провокации, спортски и коректно да ги дочекаат натпреварите а ние како клуб ќе се погрижиме за останатото. Ние ќе се обидеме да се докажеме таму каде што е тоа потребно…на спортскиот терен.

                                                                      РК Металург

Прочитано 1.016 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 1